речник контакт

Возел пијан, побегнал од полиција завршил во споменик во центар на село Богородица

И регистарските таблички од автомобилот марка „алфа ромео“ биле од друго возило

Петар Печков

Понеделникот навечер во гевгелиско уапсен возач, кој бил пијан, не сопрел на полициски знак а возел автомобил со туѓи регистарски таблички. Деталите од информацијата на МВР.

„На 9 март во 21:25 часот во гевгелиското село Богородица, полициски службеници од ПС  Гевгелија го лишија од слобода И.Д.(43 год) од Гевгелија. Претходно, околу 21:00 часот во село Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица дале знак за запирање на патничко возило „алфа ромео“ со валандовски регистарски ознаки, кое го управувал, но тој не застанал со возилото и веднаш потоа изгубил контрола и со возилото удрил во споменик во центарот на селото. Притоа, тој се здобил со повреди и му била укажана лекарска помош од екипа на Итна медицинска помош Гевгелија. По преземени мерки е констатирано дека го управувал возилото со 2,35 промили алкохол во крвта и дека регистарските таблички припаѓале на друго возило“ – информираа од МВР. 

По целосно документирање на случајот, против него полицијата ќе  поднесе соодветна пријава.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »