речник контакт

Возило со белгиски регистарски таблички излетало од автопат кај Отовица

Повредениот е префален на клиники во Скопје

Петар Печков


Трета сообраќајка со странско возило , за три дена на подрачјето на СВР Велес. Вчера, среда претпладне околу 10,10ч. на автопатот Велес- Скопје кај наплатна рампа Отовица излетало возило мрака „дачиа“ со белгиски регистарски таблички. Тоа било управувано од А.Б. (68 год)  жител на Скопје, кој бил единствен патник во автомобилот. Информацијата е потврдена и од СВР Велес. 

На лице место била повикана службата за итна помош од Велес.

„Повредениот се жалел на повреди по телото згрижен на лице место и префрлен на ортопедија од велешка болница“- соопшти д-р Васе Пановска началник на итната помош.

„Извршени се испитувања кај повредениот возач и лицето е препратено на клиника во Скопје’ - кажа д-р- Елена Левкова Ќулумова.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »