речник контакт

Возило – донација за ,,Мобилност,, за лицата со посебни потреби

Обезбедено е од компанија „Дрекселмаер“ Германската амбасада, Божикниот базар на Германската амбасада и Општина Велес

Петар Печков

Лицата со посебни потреби од Велес добија   возило кое служи за  нивен превоз.  Комбето го доби  Здружението на граѓани „Мобилност“   а ќе го користат сите сродни граѓански здруженија.  

Возилото  е обезбедено со помош на  Германската компанија „Дрекселмаер“ Германската амбасада  во Македонија, Божикниот базар на Германската амбасада    и Општина Велес а донацијата е вредна 20 илјади евра.  

Со овој проект им се овозможува на повеќе лица со телесен хендикеп од овој регион да бидат мобилни и полесно вклучени во општеството. Ние како амбасада сме секогаш отворени за соработка  – изјави  Кристине Д. Алтхаузер амбасадорка на Германија во Македонија.   Локалната власт има обврска околу одржувањето на возилото.  

Патничко моторно возило – комбе има монтирано дел за хидраулика кој ќе се користи за влез и излез на лицата кои се движат со помош на инвалидски колички. Возилото освен во Општина Велес ќе го користат и лицата со посебни потреби од Чашка, Градско и Лозово.  

Возилото ќе се користи со претходно барање од здруженијата а ќе може да биде отстапено на  глувите, слепите, лицата со церебрална парализа, учениците од ПОУ Маца Овчарова – изјави Горан Здравков претседател на Здружението Мобилност.  

Ова возило е добредојдено за лицата кои користат количка. Донацијата е унапредување за нашиот живот, на тие што се помалку подвижни, да се сретнуваме да излезат од дома – рече Иванка Колева член на здружението Мобилност. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »