речник контакт

Возовите за Кочани седум дена не сообраќаат

До прекинот на сообраќајот доаѓа по пожарот на локомотивата која вози на делницата од и кон Кочани

Петар Печков

Една седмица не  сообраќаат    возовите од и за Кочани  и Штип, патничкиот сообраќај на оваа  пруга е ова прекин. Ова   откако во минатонеделниот пожар,  се запали локомотивата на Македонски  железници близу станицата Овче Поле. Патниците кои го користат овој воз за превоз, немаат информација зошто е во прекин, и до кога тој ќе трае. Најголемиот број на патници кои се возат со него се од Велес, лица кои користа месечен билет.

На наше изненадување во понеделникот попладне, возот во 15,22 минути кој од Скопје вози за Кочани, го немаше. Железничарите кои беа на станица ни кажаа дека нема и толку. Така е секој ден попладне. Никој не знае зошто не сообраќа, до кога ќе трае овој прекин. Така мораме да чекаме  следен воз кој е за 90 минути подоцна - велат патниците од Велес кои  редовно го користат овој патнички  воз, за да се вратат дома.

Со идентичен проблем се сретнуваат и патниците кои наутро патуваат од Велес  за Скопје, дали на работа, на училиште или факултет. Возот кој тргнува во 7,51 минута го нема. Ненајавеното симнување на патничкиот воз за и од Кочани од сообраќај, им ги  сменил  и работните планови за патување, така што сега мораат да чекаат на железничка во Скопје или да тргнуваат порано од Велес.

 Во обидот да се дојде до одговор  од надлежните од ЈП Македонски железници Транспорт, во чија надлежност е сообраќајот, никој не дава одговор. Но затоа според патниците и раскажувањето на железничарите, причина е  што немало доволен број моторни локомотиви. Поради тоа на линијата до Кочани возела т.н. маневарка која од пожарот била оштетена и не може засега  да се поправи.

Пожарот се случи минатиот петок, околу 18ч. на делницата помеѓу Велес и Штип, близу железничката станица Овче Поле, кога од необјаснети причини се запалила локомотивата. присебниот машиновозач ги информирал патниците, околу 50-тиона  лица пред  се студенти, кои го напуштеле возот а биле повикани и пожарникари од Свети Николе за да го изгаснат огнот.

На релација кон Кочани има  еден воз кој сообраќа попладне и еден од Кочани кон Скопје кој сообраќа наутро.  Во  ноември месец  минатата година,а поради  одрон на карпи на пругата помеѓу Стари Град и Мартолци,  30 дена во прекин беше  железничкиот сообраќај од и кон Битола.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »