речник контакт

Возовите како пајтон

Две вечери возот од Битола до Велес и од Скопје кон Битола е со неколку часовно задоцнување. Меѓународниот од Солун, во неделата го немаше и по седум часа чекање...

Петар Печков

Двојно повеќе, наместо четири осум часа,  патувале во петокот ноќта патниците од  возот  од Битола до Велес и наместо во 21,30 тие на станицата пристигнале во 1,30 по полноќ. Во полниот воз имало и мајки со деца, стар и болни лица, кои изѕемнале чекајќи возот да тргне од железничката во Богомила, каде се случил настанот.

Во Богомила стигнавме на време, но таму локомотивата се оддели, отиде по возот кои доаѓаше  од Скопје, и некаде се расипал по пат.  Ја зема таа композиција и продолжија до Битола а ние останавме да чекаме. Три часа до полноќ останавме во студентите вагони,  полни со патници, стоевме во шума  на ладно, на неколку степени над нулата. Немаше греење бидејќи немаше локомотива. Чекавме таа да се врати од Битола па да не земе нас и во Велес стигнавме во 1,30 часот, четири часа после предвидениот термин за доаѓање. Ова го нема никаде, да се нема доволен број употребливи локомотиви за да се врши нормален сообраќај – велат патниците кои имале двојно подолго патешествие на релацијата од Битола до Велес, наместо вообичаеното. 

Сличен настан се повторил и во саботата ноќ, кога двата  вечерни воза на релацијата од и кон Битола имале повеќечасовно задоцнување. Од ЈП Македонски железници немаше никој достапен, кој можеше да даде објаснување за овој настан.

  Во  неделата пак, меѓународниот воз од Солун кој во Македонија требаше да влезе во 6,30 наутро  не беше пристигнат  до 13 часот и доцнеше неограничено. Според неофицијалните информации од Грција поради поплави во северниот дел до земјата, железничкиот сообраќај е во прекин.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »