речник контакт

Возовите од и за Битола не сообраќаат поради штрајк на дел од вработените во МЖ Транспорт

Возовите од и за Гевгелија, како и локалот Велес- Скопје и обратно сообраќаат

Петар Печков

Патничките возови од и за Битола не сообраќаат. Причина е штрајкот на вработените од Работилницата на МЖ Транспорт, од Синдикатот на влеча на возови, каде се проверуваат дизел локомотивите пред да тргнат да возат.

Вработените бараат исплата на плата за месец октомври, откако во понеделникот била исплатена првата половника. Ваква е состојбата од вторникот навечер.

Денес, четврток е втор ден како не сообраќаат патничките возови од и за Битола. За разлика од нив возовите од и за Гевгелија, кои ги влече локомотива на електричен погон сообраќаат.

Сообраќаат и возовите на релацијата Скопје -Велес и обратно.   Патничките возови за Кочани И Кичево, кои исто така се со моторни дизел локомотиви, не сообраќаат половина година.

Патниците од Велес кои патуваат за Битола се изненадени и разочарани, оти никој не им кажал или најавил дека возовите во овој правец не сообраќаат.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »