Петар Печков
Објавено: петок, 17 февруари 2017
Од попладнево во штрајк стапија вработените во МЖ инфраструктура. Откако претходно плата за декември добија МЖ транспорт, во штрајк се до исплата на последната минатогодишна плата вработените од инфраструктура.
Штрајкот е на неопределено време. Поради ова на железничка станица Скопје попладнево не тргнал ниту еден воз, но затоа имало големи гужви на Автобуската.
Ниту еден воз не трга од Скопје после 14ч. И во таква ситуација може да сфатите колку народ има на Автобуска. Се бара билет повеќе за Битола, за Велес. Голема гужва е – вели велешанец кој работи во Скопје и мора да се врати за Велес, дома.
Дополнително патниците кои имаат месечни билети ќе решаваат како ќе постапат, оти веќе имаат платениот билет за патување до Скопје и назад до Велес не важи.
МЖ оваа зима има проблеми со превозот на патниците, поради студот укинат е ноќниот воз од Скопје до Битола и назад, а утринскиот од Скопје до Велес и назад во 6 ч. час сообраќа, час не. Исто е и со возот со Кочани, кој повеќе го нема отколку што го има. Стотици велешани кои работат, учат и студираат во Скопје се редовни патници со Македонски железници.
Tweet |