речник контакт

Возот за Битола конечно тргна, по две седмици пауза

Така сега во земјава, во функција се четири патнички воза, три на релација Скопје Велес и обратно и еден до Битола и назад. До Гевгелија се патува комбинирано, воз -автобус-воз

Петар Печков

По две седмици  прекин, од вчера попладне започна да сообраќа единствениот патнички воз од и за Битола. Тој од Скопје поаѓа во 14,30 а од Битола во  3,13 ч наутро.  Во овој период од  14 дена, четири поради штрајк а 10 поради немање на патничка гарнитура, возовите не сообраќаа.

Во меѓувреме била оспособена една дизел патничка гарнитура, од кинеско производство, која секојдневно,  ќе го одржува сообраќајот на оваа релација.

Од МЖ најавуваат дека работат на поправка на другите две дизел  патнички гарнитури од кинеско производство, и до крајот на годината ќе бидат ставени во функција. Со тоа повторно би се вратиле сите три патнички воза кои од Скопје сообраќаат  до Битола и назад.  Така сега  ви земјава, во функција се четири патнички воза, три на релација Скопје  Велес и обратно и еден до Битола и назад.

Двата патнички воза до Гевгелија и назад, возат комбинирано, оти железничкиот мост на реката Црна е оштетен  и не е во функција.  Поради тоа патничкиот воз од Скопје вози до Градско, потоа патниците со автобус се префрлаат до Неготино, од каде продолжуваат за Гевгелија и обратно.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »