Петар Печков
Објавено: четврток, 30 април 2026
Во Велес две децении постои програма и волонтери кои работат за намалување на штетата од употреба на приборот при конзумирање на опијати. Во неа членуваат неколку волонтери. Таа е дел од Општинската организација на Црвен крст Велес а финансиски поддржана од Министерството за здравство.
„Во градот имаме регистрирани 360 корисници, работиме со 160 до 200 со нив. Се врши размена и собирање на искористениот прибор како и негово соодветено отстранување. Имаме просторија која е позната за корисниците, не и за јавноста. Важно е да знаат каде да се обратат, дека некој работи со нив“ – вели Мартин Хаџи Наумов координатор на проектот.
Нивната активност опфаќа стационарна услуга каде зависниците добиваат услуги при нивната посета, и теренски активности кои се извршуваат на терен, каде преку личен контакт се доаѓа до лица корисници од дрога. Како проект постојат од 2006 година.
„Лицата доаѓаат во просторијата го носат искористениот прибор кој е контаминиран со крв. Добиваат стерилен прибор потребен за инјектирање. Добиваат совети за правилно, безбедно инјекетирање., за несподелување на приборот со други лица. Добиваат медицинска услуга, социјална помош. Имаме едукација кај младите да се спречи, превенира употребата на дрога“ – додава Хаџи Наумов.
Теренските активности ги користат да дојдат, да допрат, до популацијата која не доаѓа на стационарна услуга. Тоа се терени кои им се познати, каде тие лица корисници се собираат, таму стапуваат во контакт со нив, на лице место го собераат искористениот прибор и го отстрануваат.
„Ние сме единствените кои нешто работиме со оваа попуација. Ние сме единствени кои ги знаеме нивните проблеми, излегувамее во пресрет, во контакт сме со нив. Тие добиваат метадонска терапија во болницата во Велес“ – кажа Хаџи Наумов.
| Tweet |




