Петар Печков
Објавено: четврток, 21 јули 2011
Дваесетина волонтери од десетина земји на светот, сите вработени во Арцелор Митал помагаа во завршувањето на 24 стана наметени за лица со ниски примања и за млади брачни двојки. Дојдени од Индија, Мексико, Чешка, Бразил, Украина, Казахстан, Јужна Африка, Канада заедно со неколкумина од компанијата од Скопје го даваат нивниот удел во населбата ,,Хабитат,, која се гради во Велес.
Соработката на Хабитат и корпорацијата Митал е на глобално ниво, соработуваме во повеќе земји. Така природно е таа да продолжи и во земјава, каде сме присутни и двете фирми. На нашата компанија не и е примарен профитот и челикот, туку и општествената одговорност, да им се помага и на лица кои немаат доволно приходи – вели Весна Павловска од Акцелор Митал од Скопје.
Волонтерите во населбата Тунел 2 работеа една седмица, по неколку часови на жешкото сонце. Машките беа задолжени за потешките физички работи, мешање бетон, копање, заварување метални конструкции, додека женските за понежните, бојадисување, фарбање или лакирање. Дел од нив веќе се докажале на работа во Мексико, Костарика и Јужна Африка, каде претходно учествувале. За пример кој посебно се истакна беше Убавка Илиевска финансов директор на челичарницата Митал во Македонија, таа не се штедеше и активно учествуваше во зададените работи. Фондацијата Акцелор Митал работи во 60-тина држави со 560 проекти кои се однесуваат за помош на луѓето, во однос за здравјето , за образованието и социјалата.
Оваа наша соработка на глобално ниво е во интерес на луѓето и таа продолжува. Со работата надвор од својата земја, вработените од Митал добиваат незаборавно животно искуство. Секогаш и секаде каде има потреба ние како одговорна корпорација помагаме - вели Раџендран Мандампармбил проектен менаџер на Фондацијата Арцелор Митал. Тие како гест за почеток на соработка донирале пари за Хабитат – Македонија. Средствата се со намена за подобрување на енергетската ефикасност во колективните згради во неколку градови во Македонија и на Детското село СОС во Скопје.
Пресреќни сме што светска компанија како што е Арцелаор Митални се приклучи на мисијата за елиминирање на супстандардното домување. Тие се одличен пример за локалните и интернационалните компании, во однос на општествената одговорност и очекувам дека и други компании ќе го следат нивниот пример. Со непосредната работна ангажираност на нивните вработени се намалува и цента на чинење на станот – изјави Лилјана Алчева заменик директор на програми во Хабитат Македонија.
За неколку месеци тие очекуваат дека првите станари ќе се вселат во првата ваква населба во земјава. Во нејзината изградба учествуваа и петстотини волонтери од САД, Канада, Европа и Македонија.
Дојдовме со мисла дека ќе им обезбедиме кров над глава на лицата на кои им е потребна. Ја покажуваме добрата страна на човештвото, со што светот станува подобро место за живеење. Се запознав со сопствениците на становите и сега знам кој ќе живее во нив - вели Алексеј Кикица од Украина работи како инженер во погон и прв пат како вработен во Митал учествува во оваа волонтерска акција на компанијата.
Tweet |