речник контакт

Волонтерите нa Црвен крст распределија 396 пакети за социјални ранливи категории во велешко

Хуманитарната помош пакети од храна и хигиенски средства, беше донација од УСАИД

Петар Печков

Општинскиот црвен крст од Велес, ја распредели  хуманитарната помош која беше  донација од USAID. Освен во Велес пакети се однесоа во Бузалково, Горно и Долно Јаболчиште, Чолошево, Црквино, Сливник, Горно Оризари, Иванковци, Мелница, Оморани, Рудник, Отовица, Башино село.

Волонтерите на Црвен крст од Велес посетија домови на многу лица кои живеат во социјален ризик. Поделени се вкупно 396 пакети. По 198 со храна и со хигиена - изјавија од локалниот Црвен крст.

Во време на предизборната кампања, поделбата беше сопрена, за да нема можни влијанија врз граѓаните. 

Списоците за поделба на пакетите ги изготви Министерството за труд и социјална политика во соработка со Центрите за социјални работи.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »