Петар Печков
Објавено: четврток, 30 јули 2020
Во текот на вчерашниот ден, волонтерите на Општинскиот Црвен крст -Велес, ја поделија помошта добиена од УНИЦЕФ. Така тие продолжуваат со активностите на распределба на хуманитарната помош, после таа од УСАИД кога беа предадени по 198 пакети со хигиенски средства и храна..
Целта е ублажување на последиците од пандемијата со ковид-19 вирусот. Волонтерите на Општинската организација на Црвен крст во текот на денот поделија 50 семејни пакети со средства за хигиена, донација од УНИЦЕФ -изјави Орце Николов секретар на ОО Црвен крст Велес. .
Акцијата е реализирана со помош од Територијалната противпожарна единица и Меѓуопштинскиот центар за социјални работи и Општина Велес,.
Во текот на денот се поделиле и шест големи хуманитарни пакети, донација од наш сограѓанин кој живее во Германија, а повод за истата е претстојните празници Илинден и Курбан Бајрам.
Tweet |