Петар Печков
Објавено: вторник, 25 август 2026
Волонтерите на Општинска организација на Црвен крст Велес повторно се на терен со превентивна активност за заштита од високите температури.
Членовите на Клубот на млади делат флаширана вода и информативни материјали со препораки за заштита од топлотниот бран. Тие ги потсетуваат граѓаните на важноста од внимателно и превентивно однесување во периодот на високи температури.
Препораките се
Пијте доволно вода
Заштитете се од директно сонце
Избегнувајте излегување во најтоплиот дел од денот
Грижете се за себе и за најблиските
фото ОО Црвен крст Велес
| Tweet |




