Петар Печков
Објавено: понеделник, 10 август 2026
Волонтерите на Општинската организација на Црвен крст Велес реализираат превентивна активност за заштита од топлотниот бран.
Младите волонтери делат флаширана вода и информативни флаери, со препораки за заштита од високите температури. Целта е подигнување на јавната свест и поттикнување на превентивно однесување.
За време на активноста ги потсетуваат граѓаните на Велес за мерките кои се важечки во овој период.
Мобилниот тим составен од тројца волонтери со едно возило патролираат по главните градски сообраќајници.
Фото Општинска организација на Црвен крст Велес
| Tweet |





