Петар Печков
Објавено: петок, 02 јули 2021
Волонтерите на Општинската организација на Црвен крст Велес неделава на терен. Продолжуваат со активности за справување со топлотниот бран. Изминатите денови тие беа секојдневно на терен.
Со едно возило се патролира по улиците на градот. Граѓаните кои од различни причини се надвор од нивните домови добиваат шише со ладна вода и флаер на кој се објаснети сите начини за заштита од топлотен бран - кажа Орце Николов, секретар на ОО Црвен крст Велес. .
Во мобилните томови за заштита од непогода, топлотен бран, вклучени се шестмина волонтери од Клубот на млади.
Tweet |