Петар Печков
Објавено: четврток, 13 јули 2023
Волонтерите на Општинскиот црен Крст денес им помагаа на велешани кои се најдоа на улиците, во терминот од 11 до 17ч. кога е најтопло во градот. Мобилниот тим составен од тројца волонтери со едно возило патролира по главните градски сообраќајници.
„Оваа активност е за заштита од топлотниот бран кој е со портокалова фаза. Членовите на Клубот на млади делеа флаширана вода и флаери за заштита од топлотен бран, правилна исхрана и за заштита од шумски пожари“ - кажа Орце Николов, секретар на ОО на Црен крст Велес.
За време на активноста ги потсетуваа граѓаните да избегнуваат напорни физички активности на сонце, постојано да внесуваат течности, да избегнуваат мрсна калорична храна и да носат светла лесна облека и заштитни очила и капа.
Tweet |