Петар Печков
Објавено: четврток, 18 мај 2023
Младите волонтери од Општинската организација на Црвениот крст Кавадарци, од основното училиште „Гоце Делчев“ кои биле вклучени во програмата ЦКА-ПХВ, работеа на хуманитарен проект за помош на социјално загрозено семејство каде што едно од децата е со аутизам. Волонтерите го посетиле домот на детето и утврдиле дека една од потребите на семејството е купување на фрижидер и тостер, кои ги немале.
„За да ја постигнат својата цел и да дојдат до финансиски средства младите волонтери организираа хуманитарен концерт каде што настапуваше балетското студио Венус од Кавадарци, а свои настапи на флејта имаа Илина Ристова и Патриција Ѓорчева. Во изминатиот период учениците -волонтери имаа неколку работилници со дечињата од Центарот за поддршка на учењето на деца со посебни потреби од Кавадарци, каде што секојдневно престојува и детето со аутизам. Учениците имаа и собирни акции во училиштето, заедно со вработените собраа и облека за семејството, а маркети Минекс донираа и хуманитарен пакет со храна“ - кажа Димитар Каракулев претседател на ОО Црвен крст Кавадарци
За време на Велигденските празници семејството ги добило пакетите со облека и храна, а од собраните средства од страна на волонтерите биле купени фрижидер и тостер, на кој најмногу се израдувало младото дете.
Tweet |