речник контакт

Волонтерите на велешки Црвен крст со совети и вода за граѓаните овој вторник (фото)

Активноста беше во близина на Градски пазар

Петар Печков

Волонтерите на Општинската организација Црвен крст Велес   денес реализираа активности за заштита од топлотниот бран. Членовите на Клубот на млади, во близина на Градскиот пазар делеа флаширана вода и флаери за заштита од топлотен бран.

За време на активноста ги потсетуваа граѓаните на Велес за мерките кои се важечки во ваков период:

избегнувајте напорни физички активности на сонце, постојано внесувајте течности,  избегнувајте мрсна калорична храна и  носете светла лесна облека и заштитни очила и капа.  

фото ОО Црвен крст Велес

АНКЕТА »

Дали новината, коцкарници, казина да бидат 500 метрa подалеку од училиште, ќе ја намали зависноста од коцкањето кај младите?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »