Петар Печков
Објавено: среда, 03 јануари 2024
Волонтерите од Општинската организација на Црвен крст Велес поделија 50 новогодишни пакетчиња. Тие беа поделени во Дневниот центар за лица со посебни потреби и на деца од семејства во социјален ризик.
„Дел од нив се обезбедија од собирната акција која се одржа на две локации во градот под мотото "Подари насмевка, биди и ти нечиј Дедо Мраз“. Останатите се обезбедија од собирната акција во ОУ "Св. Кирил и Методиј"- соопшти Орце Николов, секретар на ОО Црвен крст Велес.
фото ФБ/ Општинска организција на Црвен крст Велес
Tweet |