Петар Печков
Објавено: петок, 08 март 2024
Волонтерите од Општинската организација на Црен крст Велес, им го честитаа 8 март на жените од Велес со рачни изработки.
На две локации, во Младински парк и на плоштад Сармаале, тие ги поделија рачно изработените честитки, мартинки и украси. Имаше и кутии за донации, средства кој ќе се искористат за хуманитарни акции.
Овој настан беше дел од акцијата за промоција на хумани вредности. Предметите кои денес беа поделени на жените минувачки од волонтерите при клубот на млади при Црвен крст на Општинска организација Велес, ги изработија на креативна работилница одржана со лицата од Дневниот центар.
фото ФБ/ ОО Црвен крст Велес
Tweet |