речник контакт

Волци во Поменово колат стока

За неколку месеци сопственик на стадо останал без 40 грла

Петар Печков

Во реонот околу селото Поменово, близу Јасеново, волците имаат крвав пир. Подолго време тие го уништуваат стадото од говеда на велешанец, кој таму ги чува.  На негово разочарување честа слика е да најде заклани крави, телиња  кој тој ги одгледува.

Без малку секој викенд кога ќе отидам кај стадото ќе најдам заклани грла, било да се крави или телиња. Од почетокот на годинава има заклано околу 40 грла. Минатиот викенд кога бев најдов три заклани телиња. Пријавувам кој сопственикот на ловиштето, приватник но ништо досега е нема преземено. Имам големи штети од волците, но никако да се уништат   - вели велешанецот кој сакаше да остане анонимен.  

Тој освен кај сопственикот на површините на ловиштето,  на друго место не го пријавил крвавиот пир на волците. Од Министерството за земјоделие објаснуваат  дека доколку грлата му  пријавени за субвенција, треба ушните маркички од уништените говеда да ги пријави и однесе до Ветеринарната станица во Велес.  

Од таму пак информираа дека досега кај нив, наспроти пишувањата во медиумите никој не пријавил дека има заклани грла стока. Соговорникот на кого му настрадале досега 40-тина грла,  за оваа можност не бил информиран.  

Согласно Законските одредби за секој убиен волк, Министерството  за земјоделие два награда од три илјади денари.  Ловџиите пак стравуваат дека волците кои евидентно колат стока,ова зимо ќе го уништат полезниот шумски дивеч во овој предел од велешко. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »