речник контакт

Вонреден воз за Прилеп за Пиво фест

За викендот можност за велешани со воз да присуствуваат на најпосетуваната македонска забавна манифестација

Петар Печков

Македонски железници сабота и недела пушти вонреден воз на релацијата Скопје - Прилпе, поради Пиво-фест.

Возот во Велес во правец кон Прилеп ќе биде во 11,50 минути, а тргнувањето од Прилеп за Велес ќе биде 1,30 часот по полноќ.

На овој начин љубителите на добрата забава ќе можат да ги следат в недела вечер Здравко Чолиќ, Елена Ристевска, Ламбе Алабаковски и Влатко Илиевски.

Додека в сабота настапуваат Харис Џиновиќ, Гоце Арнаудов, Благица Павловска, Елена Велевска.

На пиво фест годинава има 32 штанда од Прилепска пивара, Скопско, Хајнекен, Лашко, Каменица, Никшичко, Паулагер, Ирското Мемфис, Калсберг, Туборг,  за што е обезбеден простор од 5,8 илјади метри квадаратни.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »