Петар Печков
Објавено: петок, 08 февруари 2019
Вонредно, зимски се перат улиците го градот, поради отстранување на материјал кој придонесува за аеро- загаденост. Со подобрувањето на временските услови започна да се спроведува вонредно перење на улиците во градот кое е предвидено во Програмата за јавна чистота.
Посебен акцент е ставено на оние улици каде се изведуваа поголеми градежни активности - „Самоборска“, „Благој Ѓорев“, на улици каде по снежните врнежи беше извршено посипување со абразивен материјал и кој со топењето на снегот остана во големи количини на улиците „Индустриска“,„ АСНОМ“, „Борис Трајковски“. Се работи и на дел од главните улици во повисоките зони Плоштад „Којник“ со улица „Васил Ѓоргов“ кои се пристапни за возилото за перење.
Оваа интервентна мерка продолжува сé додека не се отстрани наталожената прашина на сите сообраќајници како извор на емисии во амбиентиот воздух - велат од Општина Велес.
Бидејќи интервентното перење ЈКП „Дервен“ го извршува дење, Општина Велес ги моли граѓаните и возачите за трпение и разбирање. Редовното перење на улиците во согласност со Програмата за јавна чистота за 2019 година започнува на 11 март.
Tweet |