Петар Печков
Објавено: сабота, 14 март 2020
Вработените од одделението Пазар при ЈКП Дервен изврши дезинфекција на Градскиот пазар во Велес. Оваа активност била извршена заради превентива од корона вирусот.
Ова е вонредна дезинфекција на тезгите од Градскиот пазар со цел заштита на купувачите и продавачите. Пазарот, утре недела ќе работи нормално, додека тој во Нова населба ќе го дезинфицираме понеделник - изјави Љупчо Лазевски раководител на одделението Пазари при ЈКП Дервен.
Во денешната дезинфекција на просторот и тезгите учествувале вработени од одделението Пазари.
Tweet |