Петар Печков
Објавено: среда, 01 април 2020
Во текот на вчерашниот ден вработените од ЈКП Дервен извршија вонредно чистење и дезинфекција на Дервенскиот поток. Оваа обврска е согласно динамиката утврдена во Оперативниот план за дезинфекција на територијата на Општина Велес. Таа треба според најавите да биде повторена и во текот на денешниот ден.
Воедно, ЈКП „Дервен” реализирал генерално чистење од отпад на сите влезови во градот. Во текот на вчерашниот ден интервентно и без одложување е извршено вонредно чистење на улицата „Алексо Демниевски” - кон Железничката станица, поради несовесно однесување и фрлање отпадни на заштитни ракавици. Општина Велес апелира на совесно однесување со отпадот -Јавното здравје е заедничка одговорност.
Вработените во управувањето со отпадот се вториот човечки штит на јавното здравство, после здравствените работници. Поради тоа, неопходно е сите да подадеме рака, да бидеме солидарни и да им помогнеме на овие работници со нашето одговорно однесување - порачуваат од локалната власт.
Tweet |