Петар Печков
Објавено: петок, 16 август 2019
Деновиве вработени од комунална хигиена, при ЈКП Дервен, вонредно го чистеа брегот на реката Вардар во централното подрачја. Ова е трет пат како се чисти овој простор, претходно последен пат се чистел во април.
По налог на Општина Велес кејот на реката Вардар се чисти од насобран отпад и отпадоци. Трет пат годинава се чисти кејот на река Вардар од насобран отпад и отпадоци. Собрани се пет трактори - 25м3 отпад и отпадоци и два трактори - 10м3 градежен шут - информираа од ЈКП Дервен.
И покрај апелите дека овој простор не е депо за отпад, дел од минувачите, граѓаните таму го фрлаат сметот.
Tweet |