Петар Печков
Објавено: четврток, 25 ноември 2021
ЈКП Дервен по реакциите на граѓаните, започна со акција за чистење на потокот во месноста Дервен. Ова е вонредна акција, откако несовесни граѓани дел од домашниот смет го фрлаат во отворениот канал. Денес биле собрани пет трактори смет а акцијата продолжува и наредните денови
„Денеска се чистеше од почетокот на потокот до игралиштето, вклучувајќи го и игралиштето. Акцијата ќе продолжи наредните денови со комплетно чистење на каналот на ул. Нада Бутникошарева до слив на река Вардар“ - соопштија од ЈКП Дервен.
Од велешкото комунално претпријатие ги потсетуваат граѓаните кои живеат во овој дел на градот, да ги почитуваат термините за исфрлање на сметот и да се придржуваат до комуналниот ред.
Tweet |