речник контакт

Вооружен грабеж на златарница, вреден 50 илјади евра

)д златарнцита Б.Б. со закана од пиштол, одземени два кг злато и 80 илјади денари.Ова е трета кражба на истиот дуќан,за година и пол. ТРМР во донесува ексклузивни снимки по грабежот

Петар Печков

Ограбена е златарницата Б.Б. во центарот во Велес, во саботата навечер при што е одземено злато тешко два килограми  како и 80 илјади денари. Грабежот го сториле две лица, од кој едниот бил вооружен со пиштол.  Полицијата го потврди  грабежот, кој се случил во саботата попладне во 18,05 часот во златарницата Б.Б. на улица Маршал Тито, на  најфрекфентната велешка улица, која во тоа време била пуста, бидејќи се следел финишот од кошаркарската средба Македонија – Грција.

Наеднаш се слушна аларм, звук на сирена од кај златарата. Истрчаа две лица, кои беа облечени во кошули на долги ракава, што е чудно за овој врел ден. Беа со наочари за сонце  и испиени лица. Побегнаа по блиските скали  кај куќата на Шукареви, кои водат кон горната улица. Мислам дека потоа се појавија  од кај Градскиот саат – вели очевидец на настанот.

Вработената во златарницата Б.Б.  која била во шок и преплашена од заканата, бидејќи и побарале се што има да даде во спротивно ќе пукаат, тврдела дека досега ги нема видено двете лица и не знае дали се од Велес или од друг град, но зборувале македонски. Според нејзиното тврдење таа под закана од пиштол им дала два килограми злато и паричник во кој имало 80 илјади денари.

Полицијата, по  дадениот опис,  трага по сторителите. Сведоците и соседите, беа изненадени што местото на грабежот  и околината, воопшто не беше обезбедено  од полицијата а во златарницата влегуваа потенцијални купувачи и муштерии.

Ова е трет грабеж на оваа златарница. Претходно беше ограбена   пред една година на 20 септември, кога тројца битолчани ја ограбија при што одзедоа накит вреден 1,2 милиони денари. За тоа тие добија вкупно пет години затвор.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »