Петар Печков
Објавено: четврток, 22 септември 2022
Едукација за воспитувачките од Детската градинка „Димче Мирчев“ организираше Општинска организација на Црвен крст од Велес. На истата присутни биле околу 50 воспитувачки сите шест клона на градинките.
„Овие лица честопати се наоѓаат во ситуација да пружат прва помош кај децата при различни видови на повреди, рани, скршеници и слично. Тие ги научија постапките за давање прва помош во различни ситуации“- соопшти Орце Николов, секретар на ОО Црвен крст Велес.
.
Едукацијата по прва помош ја одржал Д-р Владо Хаџи Наумов лекар со над четири децениско волонтерско искуство во организацијата.
„Овие едукативни предавања се дел од низата на кампањата „Првата помош спасува живот“, со која Црвен крст продолжува да се зацврстува како водечка организација на полето на промоција на првата помош како вештина, која треба да ја познаваат што е можно повеќе граѓани“- додаде Николов.
Освен за воспитувачките едукација за вработените од детските градинки во Велес ќе се одржи и за негувателките.
Tweet |