Петар Печков
Објавено: петок, 02 мај 2014
Велешанката Клементина Војдиновска загуби во првото коло од ЕП во карате кое се одржува од 1-ви до 4-ти мај во Темпере Финска. Војдиновска како членка на карате клубот Гладијатор од Велес учествуваше во кумите (борби) во категоријата +68 кг.
Во осминафиналето Војдиновска, вчера загуби со високи 8:0 до Србинката Тамара Филиповиќ, која веќе во следното коло беше елиминирана од Шпанката Лаура Гонзалес. Во категоријата каде настапуваше Војдиновска имаше пријавено 19 натпреварувачи.
Македонската селекција во Финска брои вкупно 13 каратист(к)и кои се натпреваруваат во борби (кумите), додека во кати ќе не претставуваат ката тимот во женска конкуренција и две репрезентативки во поединечна конкуренција. Берат Јакупи ќе биде нашиот главен адут во борби, посебно по исклучително позитивните настапи на европските купови изминатиов период.
Tweet |