Петар Печков
Објавено: петок, 24 јануари 2020
Посетителите на курсот кој се одржува во велешката касарна ,,Алексо Демниевски Бауман,, на учениците од ПОУ Маца Овчарова им подарија играчки. Тоа беше голем радост за 50-тината деца, кои посетуваат настава во ова училиште од прво до деветто одделение. Војниците одвоиле од нивните примања, собрале средства купиле играчки и со нив искрено ги израдуваа учениците со посебни потреби.
Овој ден децата ќе го помнат. Многу ни е драго што војниците одлучија да не посетата да ги израдуваат учениците. Добивме покана и ние ќе ги посетиме нив и ќе имаме посилна соработка. Сите сме исти и убаво е што војската го покажува тоа на дело. Им благодариме - рече Ленче Гаданец директорка на ПОУ маца Овчарова.
Потоа децата и војниците се натпреваруваа во пикадо, што предизвика вистинска еуфорија во салата со многу темперамент и навивања.
Tweet |