речник контакт

Војската со хуманитарна помош за социјално загрозените семејства

Со доброволни прилози купена е храна, хигиенски средства, облека и училиштен прибор

Петар Печков

По повод 15-ти април – Денот на командата за обука и доктрини, припадниците на Армијата стационирани во велешката касарна ,,Алексо Демниевски – Бауман,, донираа хуманитарна помош за лица и семејства кои се во социјален ризик. 

Хуманитарната помош се состоеше од пакети со храна, средства за хигиена, училиштен прибор и облека. Тие се обезбедени со доброволни прилози од старешините, професионалните војници, доброволците и граѓанските лица кои работат во велешкиот гарнизон. 

Пакетите се предадени  во Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес, а истите се  распределени на оние на кои име се најпотребни.

Со овој чин АРМ само ја потврди хуманоста, бидејќи и претходно тие соработувале со Црвениот крст и донирале помош. Очекуваме нивниот пример да го следат и останатите организации - објавија од велешкиот Црвен крст.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »