Петар Печков
Објавено: четврток, 08 мај 2014
Повторно на невообичаен начин, со парче хартија залепено по дрвата низ градот, што патем е забрането, војската ја продава тревата. На овој начин АРМ ја продава тревата од велешкиот гарнизон Алексо Демниевски Бауман.
Продажбата ќе се изврши по пат на јавно наддавање закажано за 9-ти мај во 12 часот во касаната. Почетната цена е 1.200 денари при што влегува косењето, собирањето и транспортот. Но не е прецизирано за колкава површина или количина се овие пари.
Тревата што се продава е од Гарнизонот во Велес и од стрелиштето во оризари. Објавата, таква како што е напишана и излепена предизвика интерес кај велешани. Според формата.
Tweet |