речник контакт

Вработен во ЕВН загина од струен удар

Велешанецот починал додека работел на трафостаницата кај Ветекс

Петар Печков

Велешанец загина од струја, додека работел на отстранување на дефект. Ацо Мицевски (53 год) почина од струја во неделата во 9 часот, соопштија од СВР Велес. Според полицијата до несреќата дошло откако вработен во велешката  фабрика за конци ,,Ветекс,,  побарала помош од ЕВН заради отстранување на дефект на трафостаницата која ги напојува со струја.

Била испратена екипа а при отстранувањето на дефектот, Мицевски бил дел од неа. При работата дошло до струен удар од кој во велешката Болница  вработениот во ЕВН починал. На лице место истрага освен од полицијата има и од трудовата инспекција.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »