Петар Печков
Објавено: петок, 13 октомври 2023
Вчеравечер во Кавадарци, од три лица бил нападнат вработен во шумската полиција. Лицето од повредите морало да биде пренесено на Клиниката за неврохирургија.
„На 12 октомври во 22.45 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Блажо Алексов“ во Кавадарци, четири лица физички го нападнале Д.Ј.(45 год) од Кавадарци, а при нападот користеле и тврд предмет. Д.Ј. бил пренесен во болницата во Кавадарци каде му биле констатирани тешки телесни повреди“- информира Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.
Повредениот имал рани на главата, поради што е пренесен на лекување во Скопје.
За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Tweet |