речник контакт

Вработените во јавниот сектор го започнаа генералниот штрајк

Се штрајкот се бара зголемување на платите за 2.806 денари

Петар Печков

Вработените во јавниот сектор денеска го почнаа генералниот штрајк за зголемување на платите за 2.806 денари. Вработените од 10 до 11 часот прекинаа со работа и протестираа пред работните места.

Од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) почетокот на штрајкот го означија пред Собранието каде беа поставени 120 столчиња колку што има пратеници, за да ги потсетат дека треба да бидат усвоени синдикалните барања.

Претседателот на ССМ Дарко Димовски кажа дека за време на штрајкот ќе работат само 10 проценти од вработените, за да се одвива неопходното функционирање на државата.

„Покачувањето на платите е неопходно затоа што врз грбот на вработените се урна високата инфлација, растот на цените како на струјата, така и на основните прехранбени продукти“, рече Димовски

Штрајкот ќе продолжи утре пред Владата, каде ќе биде поставено 21 столче за членовите на Владата во период од 10 до 14 часот, а в петок ќе се протестира пред Министерството за финансии.  

Барањата на ССМ се линеарно зголемување на сите плати во јавниот сектор за 2.806 денари, колку што во февруари беше покачена минималната плата, како и исплата на К-15 во висина од 30 до 100 проценти од платата од наредната година.

Генералниот штрајк, го најавија како одговор на одбивањето на Владата да ги прифати нивните барања, а потребата од покачувањето на платите меѓу другото ја правдаат со кризата и поскапувањата.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »