Петар Печков
Објавено: понеделник, 15 февруари 2021
Од вчера, екипи на ЈКП Дервен се работно ангажирани во чистење на јавните површини, согласно донесената одлука на Советот на Општина Велес.
Работни тимови на Секторите Комунална хигиена и Паркови од вчера- недела, работат на расчистување на снежните наноси по градските тротоари. Во текот на вчерашниот ден се чистеа тротоарите во централното градско подрачје и пристапниот пат до градската болница, додека денеска- понеделник, се чистат тротоарите по споредните улици во градот - велат од ЈКП Дервен.
Од Општина Велес, наспроти нивните колеги од соседните општини, Лозово, Градско и Чашка, кои информираат какви активности преземаат за расчистување на снегот по регионалните патишта, нема информација за активности на општинско ниво.
Tweet |