речник контакт

Вработените од Колска предупредуваат, со затворањето на фабриката, поправката на вагоните ќе се врши во странство за далеку повисоки цени

Протест на вработените од „Колска“ пред УЈП. Фабриката за шински возила „Велес“ е меѓу најстарите на Балканот, изградена 1916-та година, од страна на Германците во периодот на Првата Светска војна. Што се сработи Колска во нејзината богата историја и остави силен траг во силен траг во македонската економија и железница

Петар Печков

Претпладнево два часа, вработените од фабриката за шински возила „Колска“ протестираа пред канцелариите на УЈП во Велес. Тие на овој начин го изразија незадоволството што УЈП решила присилно да го наплати долгот од 37 милиони денари, со продажба на дел од имотот  на фабриката.

Вработените предупредуваат дека со затворањето на „Колска“ како единствена фабрика која во земјава врши поправка на патничките и товарни вагони, за истата намена, во странство ќе се плаќаат неколку пати повисоки цени за истите услуги.

„Свесно се оди на затворање на „Колска“. Со оваа продажба на парче по парче на имотот, тоа ќе се случи а ние вработените ќе си одиме дома.  Со нашето затворање, колите- вагоните ќе се носат на поправка во Србија или Бугарија,за далеку повисоки цени. Тоа ќе биде излез на девизи и 80 вработени без работа, под биро“ - рече Тони Арсовски, претседател на ОО на ССМ во „Колска“.

Во текот на вчерашниот ден ССМ, пријавил до Државниот инспекторат за труд и побарал вонреден инспекциски  надзор во „Колска“, оти се исплаќала плата  од 15,2 илјади денари што е  под законскиот минимум од 18 илјади денари.

„Никој не смее да го крчми работничкиот имот, кој тие го создавале со години. Застануваме и пред државата и пред УЈП и нема да дозволиме. Се надевам дека денес ќе оствариме средба со претседателот на судот во Велес,за да најдеме „рамка“  како да може фабриката да има средства за  да работи, да се исплатуваат плати, да се набавува репроматеријал за работа, да има струја и вода. Ако Владата сака да ја затвори оваа единствена фабрика за шински возила во земјава и да гради туѓи економии со македонски пари, да поправа вагони во странство, се лаже“-  кажа Дарко Димовски претседател на  ССМ.

На протестот му се приклучија и поранешни вработени, сега пензионери. Се сеќаваат дека и „Плавиот воз“ на Тито во 1970-та година бил репариран во „Колска“.

„Иако бевме фабрика од Македонија, кај нас носеа вагони за поправка и од Хрватска, Србија, БиХ.  Бевме најквалитетни со работата. Да се затвори фабриката денес, е најголем срам  и штета и по градот и по државата“ - кажа Јордан Ацков пензионер.

Светска  војнФабриката за шински возила  „Велес“  е меѓу најстарите  на Балканот, изградена 1916-та година, од страна на Германците во периодот на Првата Светска војна,  во тоа време била работилница. Тие ја изградиле за нивни потреби, за поправка на возовите кои сообраќале кон Солун и кон Лерин.  

Колска  за 106 години работа зад себе има оставено силен траг во македонската економија и железница.

Во минатото фабриката имала поголем обем на работа и продукција, отколку последните години.  Освен репарирањето на вагоните и локомотивите на МЖ, изведени  се  повеќе  крупни работи. Се работело во изградбата на Фени  во Кавадарци, конструкцијата на  НА-МА во центарот на Струга, мостот на Бошава. Изработени се железните садови за Железарите во Скопје, Смедеревска Паланка и Ниш.  Деловниот воз кој сообраќаше од Скопје за Белград и  обратно го изработиле вработените од Колска,  исто како и силосите на фабриката за вар во Превалец.

Од УЈП се огласија со писмено соопштение,дека биле исцрпени сите законски можности во случајот на „Колска“.

„УЈП ГИ ИСЦРПИ СИТЕ ЗАКОНСКИ И ПРАВНИ МЕХАНИЗМИ КОИ БЕА НА РАСПОЛАГАЊЕ НА ФАБРИКАТА ЗА ШИНСКИ ВОЗИЛА „КОЛСКА“, ЗА КОЈА ИМАШЕ ДОНЕСЕНО РЕШЕНИЕ ЗА ОДЛАГАЊЕ НА РЕПРОГРАМИРАН ДОЛГ. ПО ОВА РЕШЕНИЕ „КОЛСКА“ НЕ УСПЕА НАВРЕМЕНО  ДА ГИ ПОДМИРИ РАТИТЕ ЗА РЕПРОГРАМИРАНИОТ ДОЛГ, НО И НОВОДОСПЕАНИТЕ ДОЛГОВИ. ПОРАДИ ТОА СЕ БЛОКИРАНИ ПО СИТЕ ОСНОВИ“

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »