Петар Печков
Објавено: четврток, 24 октомври 2013
Во Фабриката за шински возила Колска од Велес, вработените се наградуваат и казнуваат без за тоа да има норма и план за работа. Згора на тоа на паузата не смеат да се групираа во поголеми групи и да бидат заедно. Ова се поплаките на дел oд вработените кои реагираа на состојбата во фабриката. За нив е несфатливо наредбите да се даваат преку зaдолженија објавени по ѕидовите на погоните.
На почетокот од август директорот на работоводителите на одделенијата им даде задача дека задолжително мораат да достават список на вработени, со минимум по двајца кој најсовесно и други двајца кои најслабо ги исполнувале зададените задачи, за изминатиот период. Како може работникот да се наградува или казнува, кога немаме норматив. Како било кој ќе одреди кој е за фалење а кој за казнување. Потоа писмено ни забрани додека трае краток одмор не е дозволено да се собираме повеќе луѓе во една гpупа, истовремено. Колку е тоа повеќе, каква е таа група, не кажува но забранува – велат дел oд врабтоените во велешка Колска.
Таа е единствена фабрика за шински возила во во земјава. Тие ги поправаат патничките и товарните вагони на Македонски Железници. За работниците ова е класичен вид на мобинг. Првиот човек на министерсттвото за транспорт и врски, под чии ингеренции е оваа фабрика, која е државна, ги охрабрува работниците ако сметаат дека врз нив се врши мобинг, да ги бараат нивните права на суд.
Имаме Закон за мобинг и доколку вработентеи чувстуваат дека се врши мобинг, нека ги бараат нивните права на суд. Имаат можност таму да докажат дека врз нви се врши било каков притисок – изјави министерот Миле Јанакиевски при неодамнешната посета на Велес.
Директорот на Колска, која вработува 150 лица, ги отрфли овие обвинувања, тврдејќи дека обидот да се воведе ред во фабриката, каде вработените малку работеле а повеќе седел и одмарале е причианта за отпорот што се јавува.
Целта на зaдолжението е да се подигне продуктивноста кај работниците. Досега ниту еден вработен не е казнет оти бил неработник. Но треба да се знае дека ако еден работник една задача ја извршува за половина час, не може истата друг да ја работи четири часа. Што се однесува до поплаките дека е н е дозволено групирање во поголем број за пауза, тоа е точно. Ако е кратка паузта нека се одморат за малку а не да се собираат по десетина луѓе и да се муабети – изјави Александар Атаснасовски директор на фабриката за шински возила Колска.
Tweet |