Петар Печков
Објавено: вторник, 24 декември 2019
Денес вработените од велешки театар имаа протестен штрајк, беа на своите работни места но не работеа. Така тие се приклучија на колегите од културата во земјава, кои беа во штрајк, организиран од Синдикатот на културата на Македонија (СКРМ) а поддржан и од СОНК. Ваков протест за прв пат се случува во велешки театар, кажа претседателот на огранокот на СКРМ, актерот Самоил Стојановски.
Причината е неисполнување на барањата за потпишување на заеднички колективен договор на претставници на синдикатот и овластените Министерства. Долги години се убедувавме да се донесе колективниот договор, со кој ќе се регулираат односите внатре во културните институции. Од последниот колективен договор се минати 15 години и тој не беше транспарентно донесен, бидејќи беше донесен заеднички со образование и наука. Тој стручно не опфати дејности кои се случуваат во културата. Главната цел на овој колективен договор кој го бараме, не е покачување на платите, туку нивно регулирање. Со овој договор ќе бидат регулирани сите т.н. надоместоци за работа за викенд,, за празници,за патувања кои сега не се регулирани. Петнаесет години работиме по тој терк - изјави Самоиловски.
Штрајкот е само еден, овој ден а ако не се регулира, штрајкувачите, културните работници најавија дека ќе има генерален штрајк, штрајк - неисполнување на работни задачи, до исполнување на барањата. На еднодневниот штрајка во велешки театар беа присутни актери членови и од двата синдикати СОНК и СКРМ- кој е дел до Независниот синдикат.
Tweet |