Аница Солева
Објавено: понеделник, 03 април 2006
Судот оцени дека Вранишковски не проневерил 320.000 евра во времето кога раководел со три епархии на МПЦ. Јован денеска не дојде во Велес да ја слушне пресудата. Претставникот на МПЦ изјави дека судската одлука ќе биде обжалена бидејќи се уверени во злоупотребите на расчинетиот Владика. Сепак, Јован Вранишковски од пред една недела има правосилна пресуда со која е осуден на една година затвор. И овој пат за затајување, но на 57.000 евра, пари кои Трифун Костовски му ги дал за реновирање на црквата. Вранишковски веќе издржа 8-месеци казна затвор во Идризово за ширење на верска и национална омраза. Извор: [url=www.a1.com.mk]А1[/url]
Tweet |