речник контакт

Вратете ни го киното, бараат младите велешани

На прашањето кој е последниот филм што го изгледале во кино, младите или не биле, или напишале филмови од пред десетина години ,,Хари Потер 1,,, Балкан Кан,, 101 далматинец,,

Петар Печков

 За поголемиот број средношколци од Велес, времето како да застанало за подвижните слики и седмата уметност. На прашањето кој е последниот филм што го изгледале во кино,  тие најчесто  одговорија  не сум бил/а, додека  други  напишаа филмови од пред десетина години ,,Хари Потер 1,,, Балкан Кан,, 101 далматинец,, 

Само неколкумина ги гледале минатогодишните проекции на македонските филмови ,,Трето полувреме,, и ,,Соба со пијано,, кои беа прикажани откако велешкиот театар доби кино проектор.  Овие млади се потпишуваа и на таблата „Потпишувам за отворање на киното!“,  кое во Велес е затворено од  април 2005-тата година.  Ова се случуваше на  ,,Кино Зип,,  манифестацијата, одржана во салата на театарот,  каде средношколците од Велес присуствуваа на проекции на европски документарни филмови. 

Во текот на работилницата  присутните млади истакнаа дека кај нив не постои навика да одат во кино и на големо платно да гледаат некој филм. Ја поздравија идејата за враќање на кино културата во градот и изразија желба повторно да имаат можност да присуствуваат на проекции на филмови – вели  организаторот Александра Алексовска од младинскиот клуб Медиа/Арт, како дел од Младински Образовен Форум во Велес.

Проекциите се реализираа благодарение на поддршката и соработката со Make Dox од Скопје.  Седумдесетина средношколци заедно со нивните професори по филозофија, социологија, македонски јазик, присуствуваа на проекциите и работилницата,, За уметноста и кичот,,.

Беа прикажани четири документарци, меѓу нив и  многу наградуваниот „Бурманските видео репортери – извештај од затворената земја“ и премиерно во Македонија  шпанскиот документарец ,,Како умре кино салата,,   . По секоја проекција следуваше и кратка панел- дискусија за темата којашто документарецот ја обработува.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »