речник контакт

Врачена актерската награда за животно дело на Јордан Витанов, на фестивалот Војдан Чернодрински

Исто признание доби и актерката Мими Таневска-Србиновска

Петар Печков

На 58-то  издание на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ кој се одржува во Прилеп, на отворањето беше врачена наградата  за животно дело. Неа годинава ја добија велешкиот актер Јордан Витанов, како Мими Таневска-Србиновска . 

„Ми направи големо задоволство, се изненадив. Пријатно сум возбуден. На моите млади колеги би им посакал да работат посветено. Театарот е страст, уметност од која егзистираме на некој начин, но најважно е што тој не’ прави среќни и нас, и публиката“, – изјави Витанов,при добивањето на наградата.  

Наградите за животно дело на добитниците,  ги врачи градоначалникот на ПрилепБорче Јовчески. 

Наградата од годинава е изработена од прилепски мермер, а за неа се погрижија. од „Крин производство“ од Прилеп.    

фото ФБ/ МТФ Војдан Чернодрински 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »