речник контакт

Врачена наградата ..Мајка Тереза,, за Ленче Здравкин

Наградата ја поделија со сликарот Омер Колеши,за хуманост и човекова солидарност

Петар Печков

Во неделата на 26 август на Ленче Здравкин и беше врачена наградата ,,Мајка Тереза,, . Ја доби заедно со сликарот Омер Колеши  за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човековата солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

Ја искажувам мојата благодарност со мојата маленкост, оваа награда денес ја примив од вас, но јас со широко срце ќе кажам дека наградата ја заслужија и граѓаните на Велес, Скопје, Охрид, Тетово и сите градови во Македонија. Наградата е цела Македонија, рече Здравкин, која несебично им помага на бегалците кои минуваат покрај нејзиниот дом. 

Се уште ја имаме најголемата бегалска криза во светот, додаде таа, посочувајќи дека граѓаните на Македонија покажале дека иако сме мала земја, сме хумани, со широко и топло срце и дека сме земја на солидарноста. 

Не дека сите ние имаме многу, но дека и тоа малку што го имаме можеме да го поделиме со патникот кој не по своја вина го напуштил својот дом, кој е пеплосан, посочи Здравкин. Потсети  дека сите треба да се стремиме на мала помош, да им помогнеме на оние кои не можат сами да си помогнат.

 

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »