речник контакт

Врачени Рациновите признанија за Андоновски и Јазбец

Завршија 56-тите Рацинови средби

Петар Печков

Петокот вечерта со доделувањата на наградите на 56-тото издание, завршија Рациновите средби. 

Рациновото признание го доби  професорот Венко Андоновски за неговиот роман „Припитомување на кучката – раскази за лудилото“ во издание на „ТРИ“. Така Андоновски по втор пат го добива ова признание, прв пат во 1993-та за ,,Фрески и гротески,,.  Според жирито збирката е ремек дело во современата македонска книжевност. Во неа има и топлина и пародија, истакна претседателот на жирито Мишел Павловски. Андоновски уште еднаш преку исечоците од животите на своите обични ликови ја слика паланечката култура и свест, тема на која авторот со задоволство се навраќа. Добитникот  се заблагодари што по втор пат во неговите раце го држи ова признание.

Пред четврт век, тогаш со огромна трема го примив Рациновото признание. Сега повторно напишав раскази и повторно го добив Рациновото признание. Очигледно дека  во тоа наоѓам некоја симболика. Како 25 години  во мојот живот да се таложел сребро нитрат, супстанцијата од која се прави огледалото, за  да по толку години се побарам во тоа книжевно дело и да се видам млад  со црна коса, амбициозен, неискусен. Сега се гледам сега во огледало и си велам зар ова ти беше целта- кажа проф. Андоновски.  

Почестеното Рациново признание  за годинава го доби словенечкиот поет и амбасадор во земјава, Милан Јазбец. Нему му се додели за особен придонес во популаризацијата и  ширењето на македонската култура , литература и јазик надвор од границите на Македонија и за преводите на дела до словенечки автори на македонски и обратно. Тој   задоволство и радост го доби ова признание. 

Почесното Рациново признание за мене како поет и словенечки амбасадор,  претставува посебна чест , признание и награда. Многу сум среќен и почестен, што моето книжевно остварување - поезијата, претставува мост помеѓу нашите земји,к луѓе и култура. Тоа е културна дипломатија. Поезијата за мене е начин на  и начин  на живот.  Поезијата е светлина, моќ, лирско искажување,таа не прави среќни - рече Јазбец. 

Во чест на добитниците мини концерт одржа Драган Даутовски трио.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »