речник контакт

Врачени наградите од 19 меѓународен стрип салон (фото)

Во куќата на Касапови, од денес до недела, се одржува 4-тата Стрип колонија

Петар Печков

Стрипот „Нагоре“ на авторите, сценарио и текст Марко Стојановиќ и цртеж Иван Коритарев од Бугарија е добитник на првата награда на меѓународниот стрип салон,  кој по 19 пат се одржа во Велес.  Втората  награда му припадна на  Новица Миливојевиќ од Србија, за стрипот "Еден сосема обичен понеделник“ додека третата на Илко Стојановски од Велес за стрипот „Болен Дојчин“. Тие добија парична награда обезбедена од спонзорите. 

Жири комисијата која решаваше за наградите беше  составена од Бошко Караџов - професор по филозофија, Лазе Ангелков – академски сликар, илустратор и стрип артист и Ване Трајков – извршен директор на Стрип центар на Македонија.

За најдобро сценарио  беше награден Исмет Ердиќ, Босна и Херцеговина, за стрипот "Слава-смрт-губитак" а за цртеж и уметнички израз - сценарио Марко Стојановиќ, Србија, и цртеж Тудор Попа, за стрипот "SIDES".

Специјално признание на манифестацијата, за афирмација на стрипот на просторот на Балканот, му  беше доделено на Николае Пепене, директор на Историскиот музеј во Брашов Романија. 

Изложбата со наградените стрипови и дел од пристигнатите трудови   може да се погледне до  30 септември  во Ликовниот салон секој работен ден од 8-16 часот. На конкурсот пристигнале 195 стрипови на автори до 11 земји.

Истовремено во Велес, во куќата на Касапови, од денес до недела,  се одржува 4-тата Стрип колонија, со учество на 20 автори од четири земји, Романија, Албанија, Србија и Македонија.

Организатор на стрип салонот и стрип колонијата е Стрип центарот на Македонија од Велес финансиски поддржани од Општина Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »