речник контакт

Врачени наградите од 52-те Рацинови средби (фото)

Сите содржини од годинашната манифестација се одржаа на отворено, на повеќе простори

Петар Печков

На  Димитрие Дурацовски  како добитник на Рациновото признание и Олга Панкина добитник на Почесното Рациново признание, на затворањето на манифестацијата во петокот навечер  им беа врачени наградите на 52-те Рацинови средби. Дурацовски ова признание го доби за книгата ,,Бледи  сенки, далечни гласови,, како прозна книга која е иновација по форма и содржина.  За ова тој доби парична награда од илјада евра.

Благодарам за признанието и му се поклонувам на  големиот Кочо Рацин - кратко изјави при добивањето на наградата стружанецот Дурацовски, кому ова е второ Рациново признание. Првото го доби во 2000-тата са романот ,,Инсомнија,,.

Русинката Олга Панкина, писателка и  преведувач  го доби Почесното Рациново признание за посебна афирмација на  македонскиот јазик и култура, надвор од гранциите на Македонија.   Таа е заслужна за превод   од македонски на руски, на повеќе од 50 изданија.

Рацин е вистински хуманист кој се вгради  во темелите на македонската уметност, преку својата брилијанта поезија. Тој беше учесник и во борбата за поправедно општество.  И јас поголем дел од животот им ги посветив на овие идеали, преку моите песни ии преводите.  Ви благодарам многу - рече Панкина.

 Беседата за Рацин годинава пред неговиот споменик во центарот на градот,  ја говореше Раде Силјан.  За него Рацин е следбеник на преродбенското дело  на Константин Миладинов и Григор Прличев. 

Рациновата поезија е пресликана реалност на времето во кое живееше поетот.  Неговата поезија е ритуал на будење на јазикот. Стихозбирката ,,Бели мугри,, е исклучителен настан, синтеза на националниот и индивидуалниотдух. Кога го славиме ова дело, ја славиме убавината и големината на македонскиот јазик.  Рацин е првиот македонски писател кој го разбираше јазикот и на работникот и на интелектуалецот. Тој беше предодреден да стана народен трибун и ѕвезда водилка на нашата поетска мисла - изјави во беседата, Силјан.

Во чест на Рацин, втора година по ред  во околината на Спомен Костурнциата, каде почива поетот, се продолжи со засадување на садници во шумата на Рацин. Годинава беа засадени 13, бројка која го симболизира денот кога тој е застрелан, 13-ти јули. Се одржа и процесијата ,,Бесмртна,,  каде на повеќе локации во градот се оддаваше почит за Рацин а на дел од нив, на отворено  настапија и балетските уметници при МОБ.

Традиционално сдуминна  македонски поети говореа нивни песни, на поетскиот  митинг. Сите содржини од годинашната манифестација се одржаа на отворено, на повеќе простори.  Рациновите средби завршија денес, сабота со оддавање почит на поетот на неговиот гроб на планината Лопушник, Кичевско.   

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »