речник контакт

Враќањето на хартиените амбулантски дневници и задолжителна здравствена книшка при преглед, ги изнесоа приватните лекари на протест

Ние не сме писари, ние сме доктори и времето ни треба за пациентите а не цел ден да пишуваме рецепти - побара д-р Чолакова Дервишова претседател на ЗПЛМ

Петар Печков

Приватните лекари од Велес протестираа, откако од вчера, 5-ти септември Фондот за здравство им дал нова обврска,  хартиена работа со амбулантските дневници и задолжителна употреба на здравствена книшка при секој преглед.

За приватните доктори, ова не е новини, туку враќање на системот на работа  наназад, од пред неколку години. Реагираат оти со ова  ќе се зголемел административниот обем на работа и времето  за препис на лекови за секој пациент.   

Протестот бил  во името на Здружението на приватни лекари, не само од Велес, туку на сите 1600 приватни лекари во примарното здравство  од земјава.  

Вака го искажуваме нашиот револт, поради тоа што Фондот за Здравство  ги враќа  амбулантските дневници  и задолжителна  здравствената книшка при посета на доктор. Така се зголемува обемот на работа, пред се административната а не таа со пациентот.   Реагираме и не прифаќаме зголемување на административна работа,  бидејќи тоа е на штета на пациентите. Досега рецептите ги пишувавме на три места, сега на  четири. Но треба да се знае дека има пациенти  на кои  треба да им препишеме 30 рецепти, кои треба да се запишат на четири места а во чекална чекаат други пациенти.  Не прифаќаме дополнителна административна работа.  Не можеме да имаме и електронско работење и хартиено - кажа на протестот д-р Лили Чолакова Дервишова, претседател ан Здружението на приватни лекари на Македонија.

Таа потсети дека порано постоел хартиен амбулантски дневник, кој со воведување на ,, мој термин,,  се укинал оти   се создало електронско водење на целокупното работење кое и денес функционира.  Објасни дека  при секојдневна работа  во просек  со 140 пациенти во амбуланта,   со враќањето на овие обврски, имаат зголемен обем на административна работа.  Праша кој е бенефитот од ова и по  пациентите и по докторите.  

Ние не сме писари, ние сме доктори и времето ни треба за пациентите  а не цел ден да пишуваме   рецепти. Овој допис треба под итно да се повлече - побара д-р Чолакова Дервишова.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »