Петар Печков
Објавено: сабота, 06 јули 2013
Љубителите на добрата забава летово ќе имаат можност да видат големи ѕвезди од Балканските простори. Дел од нив на Пиво фест во Прилеп други на Струмица опен. Списокот е долг и за сите вкусови и расположенија.
Во Прилеп публиката ќе има можност да ги види: Даниела, Халид Бешлиќ, Горан Бреговиќ, Владо Георгиев, Зафир Хаџиманов, Драган Мијалковски, Маја Оџаклиевска. Неговото одржување е од 18 до 21 јули.
На Струмица опен од 16-до 19 август ќе учествуваат Северина, Жељко Самарџиќ, Рибља Чорба, Суперхикс.
Меѓу овие два настани концерт ќе одржи Жељко Јоксимовиќ на 2-ри август во Дојран и на 3-ти во Охрид.
Tweet |