Петар Печков
Објавено: понеделник, 20 мај 2013
Во времето по Велигден и 40-дневните пости кога бракови не се склопуваа, вообичаено има поголем број на склучени брачни заедници. Тоа може да се почувствува изминатите два викенди, кога петок, сабота и недела Велес ечеше од звуците на сватовите. По градските улици колони накитени возила, среќни млади. Бројките на Управата за водење на матичните книги за Велес покажуваат дека од 5-ти мај Велигден до 20-ти мај имало 20 склучени брака.
Оваа бројка е нормален просек за Велес , но и за други матични подрачја, кои во зависност од бројот на жителите може да биде помал или поголем, во периодот мај- јуни, кога и интересот за склучување на брак е најголем – изјавија од Управата. Така во овој период раце тријат угостителите но и продавниците каде се нудат пригодни свадбени подароци. Оваа седмица гужвите ќе бидат засилени, доаѓаат матурските прослави.
Tweet |